Газдите на “Актор” не ги стигна правдата во Македонија, туку во Грција- приведен директорот на фирмата Леонидас Боболас

од desk3
130 прегледи

Леонидас Боболас, директор и син на сопственикот на Актор, грчкиот бизнисмен Јоргос Боболас е приведен во полиција ,а обвинителството го обвинуваат за неплаќање данок и „перење пари“.

arrest-warrant-issued-for-leonidas-bobolas.w_l
Татко му на Леонидас,82-годишниот бизнисмен Јоргос Баболас е познат грчки национален инвеститор, бидејќи неговата компанија Актор е една од фирмите на холдингот „Елактор“ .

Холдингот Актор е запишан како изведувач на автопатот Демир Капија – Смоквица, но како што е запишано наместо во Македонија, во Скопје.

Во Македонија , фирмата Актор стана позната во јавноста откако опозицијата обвини за перење пари на власта за изградбата на автопатот.

Тогаш СДСМ праша дали фирмата со изнесени 3.500.000 евра кеш во Македонија, од сметка на фирма, партнер на Владата!

“Фрапирачкото објаснување од ВМРО-ДПМНЕ, ДЕКА ГРЧКАТА ФИРМА ВО МАКЕДОНИЈА СО ПАРИТЕ ШТО И СЕ ПРЕФРЛААТ МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА наведува на скандалозни заклучоци:

-Дали ако посака Актор, тие 3.500.000 евра може да ги даде и на Вас господине Премиер, и на Вашата партија?
Или,

-Дека динамиката на извлекување кеш пари, во висина од над 11 проценти од досега префрлените 32 милиона евра на сметката на Актор АДГ Грција – Подружница Скопје ќе продолжи,

-Дека преку сметките на Актор и неговата фирма соработничка Топометрија, до крајот на изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе бидат извлечени околу 30 милиони евра кеш пари, а

-Дека Груевски и институциите во Македонија се решени да го дозволат тоа.

Дали затоа за изведувач на автопатот беше избрана фирма со 40 милиони евра поскапа понуда од италијанскиот понудувач премиере Никола Груевски?- прашаа тогаш опозиционерите.