Газираните пијалоци и слатките го зголемуваат ризикот од една од најболните состојби

од Stefanija Kuzmanovska
457 прегледи

Врската помеѓу камењата во бубрезите и слатката храна првпат ја утврдиле истражувачите од Медицинскиот факултет во Северен Сечуан во Кина.

Тие ги анализирале здравствените податоци и исхраната на 28.000 Американци. Откриле дека оние кои консумираат најмногу додаден шеќер имаат 39 отсто поголеми шанси да развијат камења во бубрезите.

Возрасните треба да јадат не повеќе од 30 грама шеќер дневно, според упатствата за исхрана.

Камењата во бубрезите може да се развијат во едниот или двата бубрега, а најчесто ги погодуваат луѓето на возраст меѓу 30 и 60 години. Обично се наоѓа во бубрезите или во уретерот и може да биде исклучително болен и да доведе до бубрежна инфекција или откажување на бубрезите ако не се лекува. Спаѓа во 20-те најболни здравствени состојби.

Познато е дека дебелината, дехидрацијата и дијабетесот го зголемуваат ризикот од камења во бубрезите. Од друга страна, прекумерното консумирање храна ги зголемува шансите за развој на дебелина или дијабетес тип 2.

Слични содржини