„Газпром“: Гасот се испорачува во согласност со барањата на потрошувачите

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска објави дека испорачува природен гас за Европа преку територијата на Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи.

Испораките на 24 април изнесуваа 51,7 милиони кубни метри гас, објави Ројтерс.

Тоа е повеќе од претходниот ден кога таа количина изнесуваше 48,6 милиони кубни метри.

Слични содржини