“Газпром” ќе продава гас поевтин за 100 долари за 1.000 м3

од desk3
131 прегледи

За првпат државната руска компанија за гас “Газпром” очекува во првиот квартал намалување на цената во просек до 180 долари за 1.000 кубни метри природен гас против 284 долари за истиот период на 2015 година.

gasprom

Тоа го соопшти претседателот на Одборот на директори на холдингот Виктор Зубков за време на Европската гасна конференција, пренесоа агенциите, цитирана од БГНЕС.

Споредувајќи ги двете цени, тој додаде: “… т.е. ние губиме 100 долари”.

Зубков додаде дека оваа година “Газпром” може да испорача во Европа 160 милијарди кубни метри гас. Последните три години количествата гас за Европа достигна 467,5 милијарди кубни метри, што е една третина од потрошувачката.

Шверцот на нафта повторно цвета, Срби купуваат поефтин бензин во Македонија

Денес “Газпром” соопшти дека го раскинува договорот за проектот “Јужен поток”. Одборот на директори на гасната компанија одобрил склучување на договор со South Stream Transport BV за престанок на дејството на договорот за гаранција во врска со ангажманот на “Газпром експорт” за транспорт на гас од 2 октомври 2013 година.