Цените на сировата нафта и натаму паѓаат, барелот се спушти на 28 долари. После јануарската стагнација поради големите акцизи и нафташите во Србија ги симнуваат цените на пумпите. Меѓутоа, во Македонија и Босна и Херцеговина некои деривати се дупло поефтини, па во пограничните места се шверцува гориво. Инспекторите тргнаа во акција, објави РТС.

timthumb

Нафтените компании бележат пад на прометот на бензинските станици во западна и јужна Србија. На возачите им се исплати да преминат во Македонија и Босна и Херцеговина, бидејќи разликата по литар гориво е и до 30 динари(српски динари.

„Сто динари е евродизел, а овде 130 динари. Се исплати, 90 проценти одовде оди во Босна по гориво, затоа што таму нема акцизи, кои ги има овде“, кажуваат оние кои живеат во близина на границата.

Иако понекогаш за премин во друга држава се чека по еден час, на граѓаните им се исплати бидејќи на пример и плинот е двојно поефтин.

„Реална опасност постои граѓаните да се снабдуваат на пазарите во околината, каде цените се поефтини. Тоа е нивен избор, но ако некој сака од тоа да прави бизнис, да тргува, тоа е веќе во спротивност со законот“, изјави Славиша Петковиќ од Републичката пазарна инспекција.

Државите веќе се прилагодуваат на нафтените турбуленции. Шест арапски земји прв пат воведоа Данок на додадена вредност. Русија орави стрес тестови за цена од 25 долари по барел. Нафтените компании запираат со истражување на нафта,а само „Бритши петролеум“ поради падот на профитот отпушта 4.000 работници.

Слични содржини