Македонец со „дебело“ криминално досие падна во рацете на грчката полиција

од Илинка Илиоска
413 прегледи

Грчката полиција во Аркадија уапси Македонец со „дебело“ криминално досие, кој заедно со соучесник Албанец претепале стари лица и им украле 19.000 евра , пренесе Си-Ен Ен.

Уапсените се на возраст од 45, односно 46 години. Конкретно, за 45-годишниот Македонец веќе е оформен случај за учество во криминална организација, за разбојништво, фалсификување, фалсификување потврди, кражби, за прекршување на законот за оружје и за повторување на казнено дело. за прекршување на законот за Казнено-поправниот законик, во комбинација со бегство од затвор. Тој е осуден на затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред над десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчки бродосопственик пред 15 години.

Како што соопштија од грчката полиција, двајцата, сега веќе уапсени странски државјани, вчера наутро насилно влегле во дом во општина Триполи на Пелопонез, под закана со оружје (реплика) и нож и со употреба на сила нападнале три лица, ги врзале, одзеле поголем износ на пари и накит, а потоа побегнале.

Едниот веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.

Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.

Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.

-Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот, соопштија од грчката полиција.

 

Слични содржини