Светската побарувачка за гас може да се зголеми за 43 отсто во следните 25 години и „Газпром“ е подготвен за ова сценарио, изјави извршниот директор на рускиот енергетски гигант – Алексеј Милер.
Според Милер, „Газпром“ развива соработка со земјите кои се заинтересирани за сигурно снабдување со енергија, пренесе ТАСС.
„Долго време го развиваме бизнисот на исток, пред се со Кина“, додаде шефот на „Газпром“.