142
Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите Северен тек е стабилизиран и дека гасот престанал да истекува од оштетените места на гасоводите.
„Притисокот во линијата А на Северен тек 2 и во двете линии на Северен тек 1 се стабилизираше по прекинот, истекувањето на гас престана“, соопшти „Газпром“, а пренесе ТАСС.
„Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот во линијата Б на гасоводот „Северен тек 2“.