Она што се шпекулираше во изминатите неколку дена сега е официјално – Лука Модриќ ќе го носи дресот на Милан во новата сезона. Веста ја потврди Gazzetta dello Sport, а познатиот инсајдер Фабрицио Романо ги објави деталите од договорот
Според достапните информации, Лука Модриќ се согласил на едногодишен договор со клубот од Милано вреден околу 3,5 милиони евра, со можност за продолжување за дополнителна сезона.
Италијанците беа јасно решени – дури го испратија и спортскиот директор во Риека за да ги финализира последните детали од трансферот.
„Првото засилување на новиот Милан под водство на Игли Таре и Масимилијано Алегри е Лука Модриќ. Постигнат е договор меѓу страните, а клучен беше изненадувачкото пристигнување на новиот спортски директор на „росонерите“ во Риека, каде што се подготвува хрватската репрезентација“, објави Gazzetta dello Sport.
„Се очекува хрватскиот репрезентативец да пристигне во Милано на почетокот од следната недела за да ги помине медицинските прегледи пред да го потпише договорот“, откриваат италијански извори блиски до Милан.
За Модриќ, ова означува почеток на ново поглавје во импресивната кариера. Во Реал Мадрид, каде што е член од 2012 година, тој испиша историја – освои шест титули во Лигата на шампионите, три титули во шпанското првенство и бројни други домашни и меѓународни трофеи.
Со Милан, тој сега ќе се обиде да додаде уште една одлична епизода во својата богата кариера.