Голем геј скандал го тресе парагвајскиот фудбал по објавувањето на фотографија на Твитер, на која се гледа како претседателот на второлигашот Рубио Њу Антонио Гонзалес се милува во кревет со играчот на тимот Бернардо Габриел Кабаљеро.
За да се стави крај на дискусијата, Гонзалес дејствуваше искрено, официјално објавувајќи дека тие всушност биле интимни. Неговите зборови, сепак, јасно дадоа до знаење дека тој, исто така, станал предмет на изнудување, очигледно од веќе поранешен сексуален партнер по име Валентин.
„Сакам да сум чесен. Со Бернардо бевме заедно две години. Тој беше посебен човек за мене. Допре до нешта, за кои само сонувал. Се возеше со „Mercedes Benz“, „Land Cruiser“, „Toyota Hilux“, изјави вознемирен од скандалот фудбалскиот шеф, кој открива и детали за аферата, во чија основа била желбата на Бернардо да го пушти да игра во Аргентина, а веројатно интервенирал и друг маж.
„Само сакам да кажам дека мажите хомосексуалци се 1000 пати пољубоморни од жените“, завршува Гонзалес, кој јавно го раскина договорот на својот љубовник во видео објавено на Фејсбук.