Геј свештеник избега од Русија и разоткри голем скандал: „Секој знае што се случува во собата на епископот“

од Vladimir Zorba
537 прегледи

Голем скандал ја тресе Руската православна црква откако еден свештеник од Ростов на Дон ја напушти земјата, обвинувајќи ги претходно црковните власти дека го малтретирале затоа што бил хомосексуалец, додека локалниот митрополит ги негираше обвинувањата.

Поранешниот свештеник Александар Усатов од епархијата во јужна Русија изјави дека бил принуден да поднесе оставка поради неговата сексуална ориентација. Ова последователно беше разјаснето кога Усатов објави манифест за неговата загуба на вера. Тој рече дека бил малтретиран во Црквата и му упатувале смртни закани, односно дека контактирал со геј активисти од Европската унија кои му помогнале да ја напушти Русија, по што се сместил во Холандија пред една година.

Сепак, приказната само што стигна до големите медиуми, а во понеделникот и самиот Усатов даде интервју, пренесува „Русија денес“.

– Претходно, пишував за идеолошките причини што доведоа до напуштање на Руската православна црква. Но, сега сум подготвен да ја раскажам целата приказна. Не можев повеќе да останам во Црквата затоа што сум геј и атеист – рече Усатов.

Тој откри дека во РПЦ има „хомосексуално лоби“, иако сите се преправаат дека се хомофобични, и во своите обвинувања отиде дотаму што тврдеше дека одредени свештеници спиеле со епископите за да напредуваат по скалилата.

– Од една страна, секој знае за постоењето на такви лобија и можноста за лесно напредување во кариерата преку креветот на епископот. Но, од друга страна, најактивните великодостојници на Црквата се прогласени за хомофоби – рече тој.

Посочи и дека трпел млатретирање сè до моментот кога, во март 2020 година, бил информиран дека висок црковен службеник напишал за него дека е приврзаник на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Иако се покажа како неточна оваа информација, Усатов се исплашил и ја напуштил земјата.

Ростовската епархија реагираше на последниот напис велејќи дека Усатов е лажго, додавајќи дека неговите претпоставени не знаеле дека е хомосексуалец. Да знаеле, додадоа тие, немало да го малтретираат, туку едноставно ќе го избркале од Црквата.

Портпаролот на митрополијата, Игор Петровски, сликовито го објасни тоа, пишува РТ.

– Од хомосексуален свештеник ќе биде побарано да го симне својот крст ако не може да ги задржи пантолоните. На крајот на краиштата, самиот Усатов ги затвори вратите на Црквата, тврдејќи дека неговото заминување има исклучиво интелектуална природа – рече Петровски.

Слични содржини