538
Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, рече дека решавањето на проблемот со климатските промени би било „најневеројатната работа што човештвото ја направило некогаш“.
Тој оцени дека, во споредба со тоа, ставањето крај на пандемијата на коронавирусот е „многу, многу лесно“.
Гејтс за тоа пишува во својата последна книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, што е и водич за борба против глобалното затоплување, пишува Би-Би-Си.
Тој посочува дека човештвото никогаш не извршило потфат каков што треба да се направи во следните 30 години.
Тој исто така наведува дека секоја година во атмосферата се ослободуваат 51 милијарди тони гасови кои педизвикуваат ефект на стаклена градина, а целта е тоа да биде нула.