Гејтс МНОГУ ЗАГРИЖЕН за светската економија

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Милијардерот Бил Гејтс во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека е многу загрижен за економската ситуација во целиот свет. Тој оцени дека ќе следи период на забавување на економскиот развој.

Тој го изјави ова одговарајќи на прашањето како очекува руската агресија врз Украина да влијае на глобалната економија во следните неколку години.

„Ова се случува во екот на пандемијата, за време на која долговите на државите се веќе многу високи и кога има проблеми во синџирот на снабдување. Веројатно е дека забрзувањето на инфлацијата, кое веќе постои во богатите земји, и растот на каматните стапки ќе резултираат со забавување на економијата“, рече тој.

Гејтс нагласи дека има аргументи кои многу го загрижуваат.

Американското Министерство за финансии и централните банки на земјите ширум светот ги зголемија каматните стапки за да ја ублажат инфлацијата. Некои сметаат дека растот на каматните стапки е пребрз и дека тоа може да предизвика рецесија.

Банките од Волстрит немаат исто мислење за тоа колку сериозно економијата ќе биде погодена од инфлацијата и дека има сериозни показатели дека инфлацијата е веќе на својот врв, пишува Business Insider.

Слични содржини