Гејтс најавува голема инвестиција во борбата против климатските промени: „Не е невозможно“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот мултимилионер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, најави дека во следните пет години има намера да инвестира две милијарди долари во борбата против климатските промени.

Во изјава за германски „Ханделсблат“, Гејтс навел дека тоа ќе бидат инвестиции во стартапи и други проекти и дека неговата цел е да спречи климатска катастрофа.

„Не е невозможно, но е многу тешко“, потенцираше Гејтс и побара петкратно зголемување на државните инвестиции во науката ширум светот со цел да се произведе чиста енергија и да се воведат климатски иновации.

Причината за барањето на Гејтс е неговата нова книга „Како можеме да спречиме климатска катастрофа“, во која тој бара емисиите на СО2 да се сведат на нула до 2050 година.

Слични содржини