Гејтс открива кога ќе светот ќе се врати во нормала: Коронавирусот е неверојатна трагедија

504 прегледи

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс рече дека пандемијата на коронарниот вирус е „неверојатна трагедија“ и додаде дека пристапот до вакцините е единствената добра вест.

– Светот треба да се врати во нормален живот до крајот на 2022 година, благодарение на вакцините против ковид-19 – рече Гејтс во интервју за полскиот весник Газета Виборча и ТВН24.

Тој посочи дека до крајот на 2022 година, светот „во суштина ќе се врати во сосема нормален живот“.

Гејтс е милијардер кој се повлече од кормилото на „Мајкрософт“ во 2014 година и преку својата фондација со неговата сопруга даде најмалку 1,75 милијарди долари за глобална борба против вирусот коро.

Ова вклучува поддршка за индивидуални производители на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани.

Слични содржини