Гејтс се вакцинираше, откри кога ќе престане да носи маска

од Nikola Popovski
222 прегледи

Милјардерот филантроп Бил Гејтс (65) ја прими втората доза на вакцина против корона, но тој рече дека, иако бил вакциниран, ќе продолжи да ги почитува епидемиолошките мерки како што е носењето маска.

„Сакам да бидам пример за другите“, рече Гејтс во интервју за апликацијата „Клубхаус“. „И покрај тоа што сте биле вакцинирани, сепак можете да ја пренесете инфекцијата“, додаде тој.

Центарот за контрола на болести на САД соопшти дека дури и оние кои биле вакцинирани против короната треба да продолжат да ги почитуваат епидемиолошките мерки. Иако и вакцините Модерна и Фајзер, кои се користат во САД, се ефикасни во спречување на тешки форми на болести и смрт од Ковид-19, сепак не е познато со сигурност дали целосно го спречуваат пренесувањето на инфекцијата.

„Нема да престанам да носам маска, ниту ќе престанам да внимавам, особено во близина на постари луѓе кои сè уште не биле вакцинирани“, рече Гејтс, а пренесе CNBC.

Гејтс за враќањето во нормала

„Многумина се прашуваат кога ќе се вратиме во нормала, или барем да ги укинеме мерките како што се носење маска и физичко растојание. Само на крајот на пролетта или летото можеме да размислиме за значителна промена во однесувањето, ако бројките се добри“, рече Гејтс и додаде дека има намера да продолжи да носи заштитна маска и за време на есента, сè додека стапката на заразените значително не падне. На крајот на краиштата, додаде тој, „тоа не е страшна работа“.

Главниот американски епидемиолог, д-р Ентони Фаучи, рече дека постои можност Американците да мора да носат маски до 2022 година и дека тоа ќе зависи од тоа како и колку брзо вирусот циркулира во заедницата.

Слични содржини