Гејтс со ново предвидување за крајот на пандемијата

од Vladimir Zorba

Пандемијата на коронавирусот нема да заврши до 2022 година, проценува основачот на „Мајкрософт“ и филантроп Бил Гејтс.

Тој додаде дека „има две, три ветувачки вакцини“ против вирусот КОВИД-19.

„Дури и со 60 проценти од вакцинираните луѓе, ќе го запреме експоненцијалното ширење на вирусот, ќе го намалиме бројот на смртни случаи следната година и пандемијата ќе заврши во 2022 година“, рече Гејтс.

Говорејќи за есента на северната хемисфера на планетата, Гејтс изрази песимизам и истакна дека стравува дека, без сериозна интервенција, бројот на жртвите во САД ќе се врати на нивото на пролет.

Гејтс го критикуваше и американскиот претседател Доналд Трамп дека не соработува со Светската здравствена организација (СЗО).

Основачот на „Мајкрософт“ во интервју за француски „Експрес“ и американскиот „Њујорк магазин“, изјави дека ќе бидат потребни 40 милијарди долари за вакцинирање на целата човечка популација.

Тој смета дека најважно во борбата против пандемијата е развој на вакцината, но и системот по кој ќе може да се дистрибуира за да можат сите да ја добијат.

Зборуваше и за тоа како тој станал мета на бројни теории на заговор во врска со пандемија на вирусот, но тоа не го спречува да го поминува поголемиот дел од своето време убедувајќи ги јавните и приватните инвеститори кои би можеле да помогнат во напорите за пораз на пандемијата, додека тој веќе дал 350 милиони долари за таа намена.

„Тоа е како грип. Грипот убива 60.000 луѓе во САД во текот на годината, а 400 од нив се на возраст под 60 години. Короната е уште поспецифична и влијае на постарите лица дури и повеќе од грипот“, рече Гејтс.

Тој додаде дека маските се многу важни, бидејќи само околу 20 проценти од пациентите кашлаат, а вирусот се пренесува при гласен говор.

Гејтс исто така истакна дека пандемијата „не вратила 25 години наназад“ кога станува збор за развој и дистрибуција на вакцини против разни болести.

Слични содржини