Гејтс: Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, рече Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и „ТВН24“.

„Ова е неверојатна трагедија“, рече коосновачот на „Мајкрософт“ за пандемијата, додавајќи дека единствената добра вест е пристап до вакцините.

„До крајот на 2022 година треба да се вратиме во нормала“, посочи Гејтс.

Милијардерот, кој се повлече од челната позиција на „Мајкрософт“ во 2014 година, потроши најмалку 1,75 милијарди долари преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ на глобалниот одговор на пандемијата.

Ова вклучува поддршка за некои производители на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани.

Програмата „COVAX“, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), се обидува да обезбеди две милијарди дози вакцини на посиромашните земји до крајот на 2021 година.

Слични содржини