Гејтс: Вештачката интелигенција мора да им биде достапна на сите

од Vladimir Zorba

Бидејќи тензиите меѓу САД и Кина не се намалуваат се почесто може да се слушнат гласини за трка за вооружување меѓу двете земји на полето на вештачката интелигенција, а коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, неодамна кажа дека не може да сфати како разграничувањето или ограничувањето на научните истражувања би можело воошто да функционира.

-Не можете да донесувате одлуки кои ќе ги делите со други, а кои велат дека не смеете некому нешто да дадете бидејќи неговата баба е Кинескиња. Тоа нема да функционира, истакна Гејтс на научна конференција организирана од Блумберг во Пекинг

САД долго време имаше полза од отвореното споделување на резултатите од научните истражувања, што и натаму е огромна предност, посебно на полето на вештачката интелигенција, пренесе Б92.

Гејтс е сосема уверен дека нема алтернатива за таквиот пристап.

-Кој и да има отворен систем, ќе биде во огромна предност. Можете сосема да ги игнорирате сите кои ќе се обидат да ги затворат своите системи, порала Гејтс.

Тој го посети Истражувачкиот центар на Мајкрософт во Пекинг, што се занимава токму со вештачката интелигенција.

Гејтс нагласи дека споделувањето на резултатите од научните истражувања е една од причините што вработените во тој центар и дошле да работат во Мајкрософт и додаде дека тие сигурно ќе си заминале да работат на други места доколку кај нив немале таков пристап.

Слични содржини