Гејтс: За 18 месеци четботовите ќе ги учат децата да читаат

од Nikola Popovski

Вештачката интелигенција наскоро ќе може да им помогне на децата да ги научат и да ги подобрат своите оценки, истакнува Бил Гејтс, додавајќи дека четботите веќе би можеле да ги научат децата да пишуваат во следните 18 месеци.

– Вештачката интелигенција ќе биде добар учител и ќе може да се натпреварува со луѓето на тоа поле – рече милијардерот за време на говорот на самито во Сан Диего.

Четботите напредуваа со огромна брзина во последните месеци и можат да се натпреваруваат со луѓето во одредени области. Брзиот напредок предизвика бурни реакции, од возбуда од можностите на новата технологија до страв од негативни последици.

Основачот на „Мајкрософт“ беше импресиониран од новата технологија.

– Четботовите денес се исклучително добри во читање и пишување, а оваа способност ќе им овозможи да им помогнат на учениците да ги научат или да ги подобрат своите вештини. Отпрвин ќе се изненадиме колку можат да ни помогнат во читањето како асистенти, но и да дадат совети како да го подобриме нашето пишување – изјавил Гејтс, пренесуваат медиумите.

Сепак, вели тој, сè уште е тешко да се научат четботови да го оценуваат квалитетот и да даваат совети, бидејќи кога го прават тоа професорите треба да разгледаат голем број елементи, како структура, јасност и други карактеристики.

Ова бара висок когнитивен процес, кој е тешко да се пресоздаде во код.

Многу експерти, сепак, веруваат дека технологијата за четбот сè уште не е усовршена и дека можат да направат големи грешки или да шират дезинформации.

– Ако погледнете за 18 месеци, вештачката интелигенција ќе стане асистент на наставниците и професорите – додал Гејтс.

Слични содржини