Решавањето на климатските промени би било „најневеројатната работа што човештвото некогаш ја направила“, рече основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, кој ги отфрли теориите дека употребата на вакцини наводно е начин да се вградат чипови и да се следат луѓето.
Според Би-Би-Си, Гејтс стана еден вид магнет за теоретичарите на заговор за коронавирус.
Тој е обвинет за правење на вирусот во тајна лабораторија, како дел од проект на глобалните елити за намалување на бројот на луѓе во светот и за употреба на вакцините за вградување микрочипови кај луѓето за нивно следење и контрола.
Гејтс, меѓутоа, се смее кога ќе го прашаат за тоа.
„Зошто би сакал да ги следам луѓето? Знаете, едноставно не ми е гајле каде одат луѓето“, рече Гејтс.
Новата книга на Бил Гејтс „Како да се избегнат климатските катастрофи“ е водич за борба против глобалното затоплување.
Тој верува дека ставањето крај на пандемијата на коронавирус е „многу, многу лесно“ во споредба со справувањето со климатските промени.