Гејтс жали за дружбата со Епштајн: „Тој е мртов, секогаш треба да бидете внимателни…“

од Vladimir Zorba

Бил Гејтс даде видео интервју на телевизијата ПБС во вторникот, а за време на разговорот со новинарката Џуди Вудроф, тој беше особено вознемирен кога водителот го праша за неговата врска со осудениот педофил и сексуален престапник Џефри Епштајн.

– Познато е дека сте одржале серија деловни состаноци со Џефри Епштајн, кој беше осуден за малолетна проституција. Што знаевте за него кога го запознавте, како што и самите кажавте, со надеж дека ќе соберете пари?, Вудроф го праша основачот на Мајкрософт.

– Како што знаете, вечерав со него. Жал ми е што го направив тоа“, одговори Гејтс.

– Тој знаеше луѓе кои играат голема улога во глобалното здравје, што е мој интерес – објасни Гејтс и додаде дека тие средби „биле грешка“.

– Средбите не дадоа резултат на начинот на кој тој тврдеше дека ќе дадат, па ги прекинав. Тоа беше одамна, нема ништо ново во тие состаноци и нашата врска, рече 65-годишниот Гејтс.

Вудроф истакна дека Гејтс продолжил да се среќава со Епштајн и години по нивната прва средба.

Мелинда Гејтс, за која се веруваше дека е лута поради нивното пријателство, наводно започнала да се состанува со адвокати за развод во 2019 година, откако јавноста стана свесна за средбите на нејзиниот сопруг со Епштајн. Откако објавија дека се разведуваат претходно оваа година, двојката официјално ги реши документите за развод минатиот месец.

Да потсетиме, Епштајн се самоуби во затвор во 2019 година, додека чекаше судење под обвинение дека намамил десетици 14-годишни девојчиња во неговите луксузни домови и плаќал за нивните сексуални услуги. Тој се изјасни за виновен за кривично дело за проституција со малолетно лице во 2008 година и беше осуден на 18 месеци затвор, но отслужи само 13.

Откако новинарот го праша дали научил нешто од дружењето со Епштајн, Гејтс бил збунет.

– Па, тој е мртов, и генерално секогаш треба да бидете внимателни и, знаете, јас сум многу горд на она што го постигнавме и многу сум горд на работата на фондацијата. Затоа станувам секој ден и се концентрирам – заклучи Гејтс.

Слични содржини