Генчов: ДУИ е неприкосновен хегемон

од Берта Китинска
408 прегледи

Во преговорите со Бугарија треба да биде вклучена и опозицијата смета Александар Генчов, еден од основачите на НАТО движењето во Македонија во емисијата „Само Виситна“.

-Не може во вакви крупни моменти за државата, Македонците во владата да бидат претставени условно кажано со малцинскиот дел.Ние во овој случај имаме влада која за толку крупни прашања македонската страна се претставува како поразената страна како и да се заврти овој факт ние имаме комплексни прашања за решавање и потребно е да се вклучи и опозицијата, вели Генчов.

Според него ДУИ е неприкосновен хегемон.

-Голема грешка на СДСМ е што влезе во овие процеси каде што ние имаме влада со нарушен етнички принцип, значи Рамковниот договор ние не го правевме за да бидат застапени индивидуите ниту по боја на очи ни по хороскопски знак, туку се правеше по етнички принцип во овој момент го имаме хегемонот ДУИ кој едноставно условно кажано на македонските партии кои се напаѓаат им прати порака која покажува на нејзината моќта кадешто партијата претставува неприкосновен хегемон,вели Генчов.