Генчовска: 200 лица со двојно државјанство не можат да влезат и излезат од Македонија со возила со бугарски таблички

од Nikola Popovski
284 прегледи

Речиси 200 лица со двојно државјанство изјавија дека не им е дозволен влез и излез од Република Северна Македонија со автомобили со бугарска регистрација, изјавила бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска при собраниска седница за проблемите на македонските Бугари.

„Од почетокот на март годинава, бугарската амбасада во Скопје, Генералниот конзулат во Битола, добива сигнали од граѓани со двојно државјанство дека се соочуваат со пречка од страна на царинските органи на РСМ при преминување на државната граница со автомобили регистрирани во Бугарија. Во претставките е наведено дека локалните царински и гранични органи усно ги известуваат дека не можат да влезат и излезат од државата со тешки и лесни возила регистрирани во Бугарија без да издадат релевантен документ во кој се наведува законската основа“, рече Генчовска, цитирана од БГНЕС.

Според неа, за да се расчисти проблемот, амбасадата во Скопје одржала и одржува средби и разговори со локалните власти.

„Утврдено е дека од 22 декември 2020 година е во сила нов закон за регистрација на автомобили со странски регистарски таблички. Според законот, автомобилите со странски регистерски таблички треба да се пререгистрираат и целосно да се усогласат со локалното законодавство, објасни Генчовска.

Македонските власти посочија дека возилата со странски регистрации, од кои најголемиот процент се со бугарски регистарски броеви, не се регистрирани според локалниот закон, иако престојуваат повеќе од 180 дена во земјата, а постојаната адреса на живеење на сопственикот не е во странство, туку на територијата на државата.

За да се реши статусот на возилата со бугарска регистрација, некои граѓани со двојно државјанство прибегнуваат кон отпишување на постојаната адреса во Македонија и за таа цел пополнуваат формулари во амбасадата и добиваат потврда.

Слични содржини