Претставници на владите на Бугарија и С. Македонија положија венци и се поклонија пред гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас во Скопје, како дел од заедничкото одбележување на 150-годишнината од неговото раѓање.
Бугарската делегација беше составена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, заменик министерката Велислава Петрова, заменик-министерот за култура Јуриј Валковски, претседателот на собраниската Комисија за култура и медиуми Тошко Јорданов и европратеникот Илхан Ќучук.
Македонија ја претставуваше министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.
Дел од бугарската делегација бил и генералниот директор на бугарската БТА, Кирил Валчев. За денес е најавено свечено отворање на прес-центарот на медиумот во Скопје.