Генчовска: Не можам да излезам со став за францускиот предлог

од Берта Китинска
234 прегледи

Имаме многу малку информации за да донесеме одлука и поради тоа не можам да излезам со став, туку само со експертски предлог, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на седницата на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Бугарија посветена на разгледување на францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на Македонија.

На состанокот Комисијата, што започна попладнево, Генчовска презентираше извештај од 15 страници за напредокот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„ Владата на Северна Македонија има интерес да започне преговори со ЕУ. Бугарија е заинтересирана за влез на Северна Македонија во ЕУ. Има четири теми за кои има напредок во билатералните односи од мај“, рече Генчовска.

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, на прес-конференција во Брисел, по самитот ЕУ- Западен Балкан пак истакна дека францускиот предлог во оваа форма е неприфатлив за Македонија.

Инаку, пред да биде усвоен, францускиот предлог кој треба да ги одблокира евроинтеграциите за Македонија и да го крене бугарското вето, мора да биде прифатен од сите земји членки на ЕУ, вклучително и од Македонија.

Слични содржини