Не се водат тајни разговори со Северна Македонија, категорично изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска цитирана од „24 часа“.
„Не знам што кажа госпоѓица Бориславова, нека има довербата на МНР во однос на политиката што ја водиме“, рече министерката денеска.
„Не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на експертските тимови на Министерството за надворешни работи на Бугарија и Министерството за надворешни работи на Северна Македонија“, истакна таа.
„Последните експертски разговори беа на 11 февруари, нема конкретни резултати. Не е постигнат напредок како основа за следната рунда консултации. Веќе мислиме дека е дојдено време да се намали тензијата меѓу двете министерства, формално да се посети Северна Македонија за да се сретнеме со нивниот експертски тим“, рече Генчовска.