Генерал Стојановски: Ми пречат омаложувачките коментари за потенцијалите на македонската армија

од Берта Китинска
398 прегледи

Ми пречат омаложувачките коментари па дури и на официјални лица за потенцијалите на македонската армија. Ние сме мала држава, но сега како полноправна членка на НАТО можеме да седиме на иста маса со големите членки, тој клуб на привилегирани земји, и можеме да го изнесеме нашето мислење, вели генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешниот началник на Генералштабот на Армијата, за Утрински брифинг.

Ние сме дале огромен придонес за НАТО во мисиите и тоа беше една од главните препораки за нашето влегување во Алијансата. Нашата Армија е добро обучена и со искусен персонал и никогаш не сме се посрамотиле кога сме оделе во мисија, иако имаме помалку софистицирана опрема, вели Стојановски.

Слични содржини