Генерален штрајк најавува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) доколку не се исполни барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и доколку нема средба со премиерот и надлежните министри.
„Трпението е при крај и дека ако не се исполни даденото ветување, единствената опција е да се оди на генерален штрајк“, најавува претседателот на ССМ, Дарко Димовски во изјава за МИА.
Највисоките тела на Синдикатот се тие коишто треба да ја донесат одлуката и да дадат упатство до гранските синдикати доколку се одлучи да се оди на генерален штрајк.
Ваквата реакција уследи откако видоа дека во ребалансот на Буџетот не се планирани средства за оваа намена како што им било ветено и по објавената колумна на министерот за финансии дека е потребно да се креира нова методологија со која ќе се вредува продуктивноста и одржувањето на стандардот (растот на реалната плата и инфлацијата).
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, објавена во вторникот (24.05) во која тој најави дека со ребалансот се планирани 32,3 милијарди денари (526,1 милион евра) или 554,7 милиони денари повеќе во однос на иницијалниот буџет за усогласување на платите на вработените кај буџетските корисници со минималната плата и планираниот раст на плати во правосудство и полиција. Бесими вели дека е е потребно да се креира нова методологија со која ќе се вреднува продуктивноста и одржувањето на стандардот (растот на реалната плата и инфлацијата).