Генерален штрајк во училишата и градинките

од Берта Китинска

Од 11 април школите и градинките нема да работат се до исполнувања на барањата на СОНК.

„Советот на СОНК донесе едногласна Одлука за Генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата“,напиша Неделков на Фејсбук.

Неделков, во изјава за Сител рече дека училиштаа и градинките од 11 април нема да работат до исполнувањето на барањата на СОНК, односно до зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.

„Одговорот од Владата беше дека сме во економска криза, кризата со Украина и слично, но нашите плати, во просек од 25,000 денари не стигаат за задоволување на основните месечни потреби“, изјави Неделеков.

Инаку, платите на вработените во градинките сега се околу 23.000 денари, во основните училишта речиси 25.000, а во средните училишта до 29. 000 денари. Со зголемувањето, највисоките би биле нешто под 35.000 денари.

-Во дејноста детска заштита, во градинките имаме 10 различни работни места со 10 различни бодови за вреднување на работно место сега ќе земаат иста плата – тоа е непочитување на закон и колективен договор, изјави Неделков за Сител.

Слични содржини