Генералниот директор на Твитер поднесе оставка

од Nikola Popovski
215 прегледи

Џек Дорси се повлекува од функцијата генерален директор на Твитер, компанија што ја основаше во 2006 година, а ќе го замени Параг Агравал, соопштија Дорси и платформата Твитер.

Смената на Дориот беше побарана во 2020 година од компанијата Елиот Менаџмент, акционер на Твитер кој назначува тројца директори во одборот на директори, дури и пред да купи пакет акции во вредност од две милијарди долари.

Дорси е и извршен директор на платформата за дигитално онлајн плаќање „Square“, па инвеститорот постави прашање дали Дорси треба да ги води двете компании сам.