Генералниот секретар на Виенскиот економски форум: Позицијата на Бугарија за С. Македонија не е државничка

од Берта Китинска
319 прегледи

Амбасадорката д-р Елена Кирчева, член на Бугарската Земјоделска народна унија во 7 -то национално собрание и амбасадор со мандати во Швајцарија, Лихтенштајн, Финска и Австрија, вели дека позицијата на Бугарија кон Северна Македонија не е државничка и емотивна, и не е рационално оправдана!

Од 2005 година таа е член на Управниот одбор и генерален секретар на Виенскиот економски форум, основан во 2004 година во Виена по сопствена иницијатива и во согласност со неа.

– Свртете ја насоката на размислување: погледнете подалеку од целиот свет, погледнете ги континентите, погледнете на Европа, потоа на Балканот, а потоа и на Бугарија. Ако му поставиме провокативно прашање на секој Бугарин поединечно каква личност е: Европеец или, на пример, Азиец, мислам дека нема да згреши ако тврди дека е 100% Европеец. Па, дали ние, Европејците, сакаме заедничка европска иднина? Дали сакаме ЕУ, чиј дел сме ние, да биде силна унија, достоен актер на глобалната геополитичка и економска сцена. Ако е така, зошто се мешаме во процесот? Од геополитички аспект, сеедно е преку какво вето и на кого му се спротивставуваме – едноставно се спротивставуваме, и во случајот со Албанија. Тоа е факт! Зошто? Не наоѓам разумен одговор на ова прашање!, вели таа.

Можеби според неа, вината е во неумеењето на поранешните и актуелни властодршци во земјата да ги предвидат долгорочните штети кои и се нанесуваат како на соседските и регионалните односи, така и на градењето на европско единство.

– Можеби некој од овие бугарски политичари ќе размисли за причините и различните можни последици од неодамна објавената иницијатива „Отврен Балкан“ од нашите соседи, Северна Македонија, Србија и Албанија, вели таа.

Фoто: VEF

Слични содржини