Генералното собрание на Обединетите нации денес ја усвои резолуцијата подготвена од Украина и нејзините европски сојузници за одбележување на третата годишнина од руската инвазија на Украина со 93 гласа „за“, 65 „воздржани“ и 18 „против“. Резолуцијата ја подготви Украина во соработка со повеќе од 50 земји, пренесе „РИА Новости“.
САД беа против, а Вашингтон пак подготви своја, неутрална резолуција.
Резолуцијата бара Москва „веднаш, целосно и безусловно“ да ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија.
Резолуцијата содржи и едностран повик до Руската Федерација да ги прекине непријателствата, наведува руската агенција.
Македонија беше воздржана на ова гласање, откако прифати да биде коспонзор на друга резолуција, поднесена од САД, во која се користи многу поблаг речник и нема директна осуда на Русија, која не се именува како агресор или извор на конфликтот.