Генералот кој го критикуваше Путин и неговата сопруга ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Високо одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов и неговата сопруга Татјана биле мртви приближно седум дена кога биле пронајдени нивните тела, објавуваат светските медиуми.

Пензионираниот пилот во една прилика го критикуваше Владимир Путин дека раководи со воздухопловни сили од „трета класа“, предупредувајќи дека високите офицери ги напуштаат вооружените сили поради лошите плати и условите. Руските власти не беа во можност да ја утврдат причината за смртта, објавија локалните медиуми. Генералот и неговата сопруга се пронајдени мртви во куќа во селото Аџиевски во Ставрополската територија, пишува „Дејли Мејл“.

„Работниците на службата за гас веќе извршиле мерења и не откриле вишок на дозволената концентрација на штетни материи“, стои во првото известување за нивната смрт. „Се уште не е познато што ја предизвикало смртта на Владимир и Татјана Свиридов“.

Свиридов командуваше со 6-та армија на руските воздушни сили и воздушна одбрана од 2005 до 2009 година, а беше назначен од Владимир Путин. Тој беше почесен пилот на Русија, а претходно служеше како воен пилот снајперист. Добитник е на Орденот на Црвена звезда и голем број медали.

Свиридов го напушти командното место на 54-годишна возраст, откако јавно упати серија остри критики за руските вооружени сили.

„Пилотот мора да има околу 100 часа летање годишно за целосна борбена готовност. Сепак, тоа сè уште не е случај. Просечното време на летање во војската моментално е 25-30 часа. Принудени сме да поставуваме нецелосно обучени службеници бидејќи подобри нема. Од истата причина, испраќаме пилоти од трета класа во воените академии. Тоа не се случуваше во минатото“, критикуваше Свиридов.

Тој му порача на Путин „да создаде нормални услови за живот за младите офицери, како и за сите војници, со цел правилно да ги извршуваат своите воени должности“.

Слични содржини