Генералот кој исчезна по бунтот на Вагнер „моментално одмара“, тврди човек на Путин

од Stefanija Kuzmanovska
874 прегледи

Високопозиционираниот руски генерал, кој не е виден во јавноста по минатомесечниот неуспешен бунт на платеници од приватната воена компанија Вагнер, „моментално одмара“, тврди пратеник на владејачката партија во рускиот парламент.

Претседателот на Одборот за одбрана на руската Дума изјави дека генералот Сергеј Суровикин, заменик командант на руските воени операции, „во моментов не е достапен“.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, Андреј Картаполов вели: „Суровикин моментално одмара. Тој засега не е достапен“.

Суровикин последен пат беше виден во јавноста кога објави видео во кое апелираше да се запре бунтот на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, а оттогаш шпекулациите за него стануваат се поинтензивни.

Британското министерство за одбрана соопшти дека локацијата на генералот останува непозната, што укажува дека тој бил „турнат настрана“ по бунтот.

Беше во добри односи со Вагнер

Да потсетиме, Суровикин беше во добри односи со Вагнер и Пригожин, кои го пофалија генералот додека редовно ја критикуваа воената елита на Кремљ – министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Во извештајот на „Њујорк тајмс“ заснован на брифингот на американското разузнавање минатиот месец се вели дека Суровикин имал однапред сознанија за пучот и дека руските власти истражуваат дали тој е вмешан. Некои руски и меѓународни медиуми минатиот месец објавија дека генералот е уапсен, но засега нема официјална потврда.

Кремљ одбива да одговори на прашањата поврзани со него.

Слични содржини