328
Сменет е генералот Сергеј Суровикин, кој „исчезна“ по неуспешниот пуч на групата „Вагнер“ во јуни.
Суровикин, кого многумина го нарекуваат „Генерал Армагедон“ во еден момент беше на чело на руската армија во Украина и не е виден во јавноста по бунтот, а се шпекулира дека некако бил вклучен во бунтот.
Од јануари тој беше нов заменик-шеф за операции во Украина и шеф на руските воздушни сили.
„Поранешниот шеф на руските воздушни сили, Сергеј Суровикин, сега е разрешен од должноста, додека генерал-полковник Виктор Афзалов, началникот на главниот штаб на воздухопловните сили, привремено е вршител на должноста врховен командант на воздухопловните сили“, изјави неименуван извор за руската државна новинска агенција РИА.