Генералштабот на Украина: Бахмут се уште е епицентарот на борбите

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека градот Бахмут, на истокот на земјата, останува епицентарот на борбите со руските сили.

Се наведува дека продолжуваат жестоките борби за самиот град Бахмут, пренесува „Интерфакс Украина“.

Главните напори на руските сили се концентрирани на изведување офанзивни операции во правец на Бахмут, Авдијевка и Маринка, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Слични содржини