Генералштабот на Украина: Од почетокот на војната, Русија загуби повеќе од 196.000 војници

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Генералштабот на Украина денеска соопшти дека од почетокот на војната, Русија загубила 196.310 војници, во кои спаѓаат и 690 војници кои загинале во вторникот.

Според извештајот на Генералштабот, руската армија загубила и 3.736 тенкови, 7.275 оклопни борбени возила, 5.794 возила и тенкови, 3.039 артилериски системи, 555 повеќекратни ракетни фрлачи, 308 системи за противвоздушна одбрана, 308 авиони, 294 хеликоптери, 2.624 дронови и 18 бродови, пренесе Kiev independent.

Слични содржини