350
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека најжестоките борби со руските војници се уште се водат кај Бахмут и Маринка, на истокот на Украина.
Се наведува дека руските сили се обидуваат да нападнат на правецот Бахмут, а борбите продолжуваат во самиот град, пренесува „Униан“.
„Во правец на Авдијивка, руската офанзива во областите на населбите Северноје и Первомајское не беше успешна“, додаваат од украинскиот Генералштаб.
Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, продолжуваат нападите на руските сили врз Маринка, пренесува „Танјуг“.