Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека најжестоките борби со руските сили продолжуваат во областа Бахмут, каде што Русите се обидуваат целосно да ја преземат контролата над градот и гранатираат некои населени места.
Руските војници спроведуваат офанзивни операции во четири правци – во правец на Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка, пренесува „Униан“.
Во текот на изминатиот ден руските сили извршиле повеќе од 45 напади во тие четири правци, соопшти украинскиот Генералштаб.