Тинејџерите се склони да ги пропуштаат рекламите и обично користат софтвери за блокирање на рекламите, во споредба со постарите корисници на интернет.

Помладите корисници, најверојатно се една од најтешките групи кон кои може да се насочи маркетингот, бидејќи нивното внимание се задржува пократко, а и имаат повисока склоност да ги избегнуваат рекламите, покажува новиот извештај на CNBC.
Генерацијата Z, или оние кои сега се на возраст меѓу 16 и 19 години, бара хумористични реклами, претпочита да соработува со компаниите, но сака и да се види видео не подолго од 10 секунди.
Најголемот предизвик од се е фактот дека е тие избегнуваат реклами. Дури 69 отсто од корисниците на помлада возраст го прават тоа, наспроти 50 проценти на глобално ниво.
За да стигнат до оние корисници марките треба да користат повеќе смисла за хумор, отколку познати личности во своите реклами.
Три пати поголема е веројатност Генерацијата Z да одговори на забавна реклама, со добра музика и добра приказна во неа.
Компаниите се повеќе со соочуваат со проблемите од типот на софтвери кои ги блокираат рекламите на интернет. Според PageFair, повеќе од 309 милиони луѓе во светот користат вакви софтвери.