Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзи, вели Петровска

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Нашата одговорност денеска е да продолжиме со поддршка на патот на останатите земји аспиранти од регионот кон европската и евроатланската перспектива и да обезбедиме недвосмислена насока во развојот на поцврста безбедносна и одбранбена интеракција, оспособена да одговори на новите предизвици што се надвиснуваат над нашиот регион и пошироко, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

На денешното отворање на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД – Јадранската повелба, што се одржува во Скопје, министерката Петровска истакна дека во изминатите две децении, како што рече, повелбата се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки.

– Со овој дух мора да продолжиме напред и на тој начин оваа повелба да остане симбол на доверба, просперитет и сложност на сите нејзини земји членки, како и на регионалната заедница, истакна министерката.

Дополни дека за тоа е потребна не е само колективната мудрост, туку и колективната посветеност за поттикнување на безбедност, стабилност и соработката.

– Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзи. Во овие предизвикувачки времиња императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност, рече министерката.

Слични содржини