Мојот главен фокус останува на приоритетните потреби на граѓаните и најдоброто за Охрид! Решаваме децениски проблеми, инвестираме во инфраструктура, вложуваме во образование, ги подобруваме условите за туристички развој, објави градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески на својот Фејсбук профил.
Тој упати честитки до Кирил Пецаков за изборот за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
„Посакувам да имаме достоинствена политичка дебата, со високо ниво на култура и почит. Сметам дека како политичари и носители на функции во текот на претстојниот период треба да продолжиме да работиме за интересите на Охрид, а како кандидати за градоначалник да покажеме сериозност и да ја поштедиме јавноста од здодевна и негативна кампањска реторика. Да сме здрави и живи, се гледаме на избори“, стои во објавата на Георгиески.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера изјави дека 25 имиња веќе биле испрофилирани на ИК партијата и очекуваат квалитетна програма.
„До крајот на месец јули очекувам 45 имиња да го поминат филтерот на партијата и да бидат потврдени од ЦК, за конечни кандидати за градоначалници. Едно од тие имиња е веќе објавено, а станува збор за пратеникот д-р Кирил Пецаков, кој што ќе кандидат за градоначалник на општина Охрид“, информира Мицкоски.
На предвремените локални избори во 201 г.. актуелниот градоначалник Константин Георгиески оствари победа во вториот круг. Противкандидат му беше доктор Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ. Од вкупно 30 397 (58,12%) гласачи кои решија да излезат на изборите. Георгиески доби 16 523 гласа (54,36%), додека за Милошевски се определија 41,68% или 12 668 од избирачите/