409
Прашањето треба да им го поставите на другите кандидати како планираат, вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на прашањето како ќе се справува со дивоградбите на територијата на општината.
Според неговите зборови, тој појасни дека „покажал како се справува со дивоградбите и постапување согласно на препораките на УНЕСКО“.
-Додека после војна сите се генерали и ми кажуваа дека требало да рушам во февруари, март или не знам кога, за мене има само една важна компонента, а тоа е почитување на законите. Секогаш е добро време за тоа. Ние отстрануваме и ќе продолжиме со такво нешто. Тоа е процес што ќе трае, без никаква селективност, рече Георгиески во емисијата „Топ тема“.