Упатувам јавна осуда по повод објавените спотови од страна на бугарски политички партии, во рамки на предизборната кампања во Бугарија, напиша на својот Фејбук порофил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески во врска со несоодветните изборни спотови во Бугарија.
-Охрид е македонски град, отсекогаш бил и ќе биде место кое ги поврзува двата народи, место кое е пример за соработка и толеранција.Во духот на балканските и европските вредности, македонскиот и бугарскиот народ треба да негуваат добрососедско пријателство засновано врз силно меѓусебно почитување! Се надевам дека во иднина нема да имаме причина за вакви јавни реакции, пишува Георгиески.