Градоначалникот на Охрид, Константин Ѓеорѓиески во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, вели дека статусот на Охрид во УНЕСКО нема да се промени.
-Моите впечатоци се дека имавме конструктивни два ипол дена средби и разговори со претставници на УНЕСКО. Имавме теоретски разговори во мојот кабинет и во други институции со надлежност во делот на спроведувањето на препораките на УНЕСКО. Имавме и теренски активности на места каде што се прави реконструкција на колекторскиот систем, на градскиот кеј и неколку локации каде што отстранувавме бесправно изградени објекти. Што се однесува до забелешките и сугестиите, нив ќе ги видиме во извештајот што ќе биде готов во мај 2020 година. Очекувам дека ќе биде констатиран напредокот кој е постигнат и дека одредени забелешки, кои ги имаат, ќе ги нотираат, но сметам дека извештајот се на се ќе биде позитивен, изјави Ѓеоргиески.