Георгиески за пожарот на Галичица: Не постои можност од делување на терен со човечки ресурс

од Берта Китинска
240 прегледи

Заедно со претставници од НП “Галичица” и екипа од Територијалната противпожарна единица од Охрид, рано изутринава бевме на терен за да ја согледаме моменталната состојбата со пожарот кој е активен на непристапен потег на планината “Галичица”, вели Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески .

-Општина Охрид уште на 30-ти август, кога пожарот беше пренесен на територија на Република Северна Македонија, испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало и за спроведување на активности за гаснење од воздух.Во пожарот е зафатен шумски потег на непристапен предел и во моментот нема опасност од проширување кон населени места. Засега не постои можност од делување на терен со човечки ресурс поради непристапност на теренот и опасноста од експлозии на неексплодирани гранати од Првата светска војна.Во постојана комуникација сме со надлежните во Центарот за управување и се разгледуваат можностите за безбедно дејствување и ставање на пожарот под контрола, информира Георгиески.

Слични содржини