Георгиев бара од Бесими да им ја покачи платата на судската администрација за да не дојде до целосна блокада на судството

од Nikola Popovski

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев бара од министерот за финансии Фатмир Бесими да ги покачи платите на судските административци и судските службеници. Во тој дел вели има проблем со финансиската независност со судството. Додава дека го истакнуваат како децениски проблем.

-За целиот период имаме неколку состаноци на синдикатите со кои се обидуваме да најдеме решение. Сето тоа зависи од Министерството за финасии каде што треба да ги исплатат овие средства како додатоци на плата. Судскиот совет во неколку наврати имаше обиди со свои одлуки за пренамена на средства, за да се амортизира тој дел и со нешто утешно да се делува, кажа Георгиев.

Работиме на тоа и го повикувам министерот да има разбирање и да најче да се надмине проблемот, во спротивно, истакнува претседателот на Судскиот совет, ќе дојде до блокада на судството и ќе застане целосно.

-Без оваа судска администрација ќе застане се. Тие се алатка и не се функционира без нив. Очекувам разбирање од министерот за финансии, истакна Георгиев.

Доколку во законскиот рок за дијалог не бидат исполнети барања на судската администрација, тогаш тие се заканија дека ќе организираат генерален штрајк.

Вработените во судската администрација бараат зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници.

Слични содржини