Георгиев: Македонскиот Устав треба да се промени и Бугарите да бидат вклучени

-Се надевам дека откако ќе завршат изборите во Македонија, страстите ќе стивнат и Владата ќе може да се посвети на своите јасни обврски преземени во 2022 година. Бугарија нема промена во својата позиција, ниту причина за промена, рекол бугарскиот министер Георгиев

од Nikola Popovski
34 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Нова.бг

„Искрено се надеваме дека сме поблиску до одржлив мир за Украина, иако руската страна дефинитивно не вложува такви напори и покрај непријателското расположение, засилено од нападите со беспилотни летала и ракети во последните денови“, изјавил министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев пред бугарските новинари во Луксембург, каде што учествува на состанок на неговите колеги од ЕУ.

Тој говорел и за македонското прашање. Како одговор на новинарско прашање, шефот на бугарската дипломатија навел дека, за жал, една од непријатните својства на изборите е тоа што се вадат на површина мислите и зборовите на политичарите, за кои веројатно подоцна ќе се покаат.

-Не треба да ги држиме нашите домашни политички предизвици како заложници на европската политика и меѓународните односи, побарал тој.

-Се надевам дека откако ќе завршат изборите во Македонија, страстите таму ќе стивнат и владата ќе може да се посвети на своите јасни обврски преземени во 2022 година. Бугарија нема промена во својата позиција, ниту причина за промена. Уставот на РСМ треба да се промени во сите негови делови, Бугарите мора да бидат вклучени, како прв чекор за започнување преговори, објаснил Георгиев, пренесува „БТА“.