Георгиев најави транспарентно објавување на извештајот на оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет

од Nikola Popovski

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев денеска информира дека заврши оценската експертска мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет. Истакна дека имале неколку состаноци каде што имала различна дискусија во однос на прашања од областа на законските одредби, како и Законот за судовите.

Георгиев очекува извештај, за кој што најави дека ќе биде транспаретно објавен и во догледно време ќе го разгледуваат транспарентно пред медиумите.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во петокот објасни дека оценската експертска мисија се состои од искусни судии кои што се на високи позиции од земјите на ЕУ.

Не можам да ви кажам точен датум кога препораките ќе излезат во јавност, но сите ја разбираат потребата ваквите препораки да се дадат брзо, дополни Гир.

Оценската мисија почна од крајот на јули. Тимот експерти е предводен од Бранко Хрватин – поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска и го идентификува обемот на работата на експертскиот тим.

Ваквата најава беше позитивно оценета од премиерот Димитар Ковачевски, но и од самиот Судски совет, чија работа ќе биде во фокус на оценкската мисија.

Случувањата во Судскиот совет во последните месеци се тема на загриженост и од меѓународни и од домашни институции.

За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички интерес.

Слични содржини